Шкупи ремизираше со украинскиот Мариупол

facebook.com/ShkupiFC

Шкупи ремизираше со резултат 2:2 против украинскиот клуб на Мариупол на летните подготовки кои што се одржуваат во турскиот Болу. Поведоа Украинците уште во третата минута со погодокот на Јаворски, а израмни Јусуфи во 18 минута.

Одново Мариупол беше во минимална предност преку Чех (39`), но чаирчани не дозволија пораз благодарение на голот на Илиевски (59`).

Стартниот состав на Шкупи за денешниот дуел против Мариупол: Мифтари, Георгиевски, Илиевски, Адили, Исмаили, Бајрами, Диак, Исени, Сержо, Гвидиаби, Јусуфи.

Според најавите наредната контролка во Турција тимот од Чаир ќе го има за два дена против романската екипа на ЧСМ Политехника. Претходно триумфираа над босанскиот состав на Челик Зеница (1:0).

Ова ќе биде и последен тест за фудбалерите на Каран пред двомечот против ерменскиот Пјуник во првото квалификациско коло на Лига Европа.

Потсетување дека првиот дуел ќе се игра во Ерменија на 11 јули (15.30 часот), а реваншот е седум дена подоцна на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје од 20.30 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот