Шерон Стоун: Не ми пречи кога некој маж ќе ме удри по задникот

Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Славната 62-годишна актерка Шерон Стоун се обидела да пронајде партнер на Интернет, а бидејќи, како што вели, имала толку многу лоши искуства одлучила да напише книга за тоа искуство.

„Искрено, целата работа беше толку страшна што сега сакам да напишам збирка со кратки приказни за моите искуства од запознавањето на мажи на Интернет. Страниците за запознавање едноставно не се добри. Вистинската хемија, онаа напнатост, се случува само во реалниот живот – не на некој сајт“, рече актерката.

Стоун смета дека луѓето стануваат сè помалку способни да бидат во нормален контакт со други луѓе токму поради страниците за запознавање.

„Луѓето веќе не знаат како да се однесуваат за време на вечера, како да учествуваат нормално во врска или да комуницираат. Не сакам врска што се сведува на текст со некој со кој што се гледам. Тоа е ужасно за мене“, рече Шерон.

За актерката е тажно што луѓето повеќе не флертуваат едни со други, за што ја обвинува технологијата.

Фото: Инстаграм

„Технологијата нè лиши од флертот. Луѓето повеќе не флертуваат дури и кога се заедно. И мислам дека нема никаква врска со стареењето“, изјави актерката.

Иако е поддржувач на движењето „MeToo“, на Шерон не ѝ пречи кога мажите ќе ја допрат по задникот или ќе и се обратат со „срце“, затоа што смета дека постојат поважни работи за кои треба да се бориме.

Фото: Инстаграм

„Не ми е гајле дали некој ќе ме удри по задникот. Сите тие се само мали победи. Можеби тоа е затоа што имам 62 години, па поминав низ сешто, што ми дава јасна слика за тоа што го заслужува моето внимание, а кои се работите кои ќе исчезнат сами по себе со текот на времето“, заклучи Шерон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот