Шерон Стоун: Хероината од најпознатиот еротски трилер наполни 63 години!

Profimedia
Фото: Профимедиа

Американската актерка, продуцент и поранешен модел Шерон Стоун наполни 63 години!

Срцето на публиката го освои во филмот „Oсновен инстинкт“, а всушност таа улога не ни била наменета за неа. Пред неа, улогата ја одбиле многубројни познати актерки, како Џулија Робертс, Мег Рајан, Мишел Фајфер, Елен Баркин и Деми Мур.

Фото: Јутјуб/Принтскрин

Улогата првично била наменета за Ким Бесинџер, по желба на Мајкл Даглас, кој ја играше главната улога, детективот Ник. Бесинџер тогаш веќе беше позната по улогата во филмот „Девет ипол недели“. Таа ја одби таа улога, како и останатите набројани актерки, бидејќи стануваше збор за премногу голотија.

Фото: Профимедиа

Инаку, Шерон Стоун на Инстаграм денес ја следат повеќе од два милиони луѓе, а таа вчера сподели видео како со нејзината мајка ја отвара кутијата со своите книги. Тоа е првата книга која ја напиша таа, а ја намени, како што кажа и самата за „оние кои се повредени и ранети, на борците и победниците, книга која ја слави женската сила и отпор“.

epa-efe
Foto: EPA-EFE/NINA PROMMER

Погледнете во видеото од Инстаграм како денес изгледа хероината од „Ниски страсти“…

Среќен роденден Шерон Стоун!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот