Шарл Леклер ќе го продолжи договорот со „Ферари“?!

фото: EPA-EFE/TOM WHITE

Возачот на „Ферари“, Шарл Леклер, ќе го продолжи договорот со италијанскиот тим во Формула 1 шампионатот до крајот на 2029 година, пренесува „Гаѕета дело Спорт“.

Леклерк имаше договор со Ферари до крајот на 2024 година. Италијанските медиуми пренесуваат дека доколку Леклер остане во Ферари до крајот на 2029 година, вкупно ќе заработи околу 50 милиони евра.

Воедно првите луѓе на тимот се задоволни од настапот на Леклер оваа сезона која ја заврши на петтата позиција со 206 бодови, колку што освои и четвртопласираниот Фернандо Алонсо. Шестпати беше на подиумот, а најдобрите пласмани ги имаше на трките во Австрија, САД и Абу Даби каде завршуваше како второпласиран.

Италијанците наводно подготвуваат нов договор и за вториот член на „Ферари“, Карл Саинц, кој има договор со Ферари до 2024 година, но останува прашањето дали сака да остане во тимот и по следната сезона.

Сезонава Леклер ја заврши на петтата позиција со 206 бодови, колку што освои и четвртопласираниот Фернандо Алонсо. Шестпати беше на подиумот, а најдобрите пласмани ги имаше на трките во Австрија, САД и Абу Даби каде завршуваше како второпласиран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот