Шаја Лабаф / Фото; EPA/GUILLAUME HORCAJUELO

Шаја Лабаф повторно уапсен, само неколку часа по изјавата дека нема проблем со алкохолот

Актерот Шаја Лабаф повторно е уапсен во Њу Орлеанс, само неколку часа откако во интервју изјави дека нема проблем со алкохолот.

Според информациите на „Асошиејтед прес“, 39-годишниот актер бил приведен во саботата, на 28 февруари, под обвинение за прекршок – нанесување полесни телесни повреди.

Неговата адвокатка потврди дека новото апсење е поврзано со тепачката што се случи на 17 февруари за време на прославата на Марди Гра. По тој инцидент Лабаф веќе бил приведен и пуштен на слобода со кауција од 100.000 долари. Тогаш бил обвинет за две точки за нанесување полесни телесни повреди по конфликт во бар во историскиот Француски кварт. Адвокатката тврди дека актерот доброволно се пријавил откако дознал дека е издаден нов налог, додавајќи дека институциите го третираат построго поради неговата јавна позиција.

Во интервју за каналот „Ченел 5“, Лабаф се осврна на своето однесување, признавајќи дека било „лошо“ и „одвратно“. Изјави дека не го загрижува можната затворска казна, оценувајќи ја како „уште едно искуство“. Сепак, негираше дека има проблем со алкохолот, наведувајќи дека станува збор за „комплекс на мал човек“, односно проблем поврзан со гнев и его. Тој се осврна и на наводите за хомофобни испади, признавајќи дека токму такви коментари довеле до неговото приведување.

„Погрешив што допрев некого и тоа е сè што имам да кажам“, изјави актерот.

Шаја Лабаф повторно предизвикува хаос во Њу Орлеанс, граѓаните тврдат дека ги „тероризира“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот