Шаја Лабаф повторно предизвикува хаос во Њу Орлеанс, граѓаните тврдат дека ги „тероризира“
Познатиот актер Шаја Лабаф повторно го привлече вниманието со проблематично однесување за време на карневалот Марди Грас (Mardi Gras) во Њу Орлеанс. Според сведоци и вработени во локални барови, Лабаф уште од четврток се забавува по баровите во квартот Аптаун, иако тврдеше дека е трезен, пишува „Холивуд репортер“.
Препорачано
Во неделата навечер му бил забранет влез во популарниот бар „Ms Mae’s“ поради непристојно облекување и поради тоа што немал на пари. Сведоци велат дека бил видливо пијан и „малку нервозен“. Обидот да влезе во барот се совпаднал со голема карневалска поворка Bacchus, кога илјадници луѓе го следеле маршот.
Лабаф, како што раскажуваат вработените, повеќе пати ги нарушувал правилата на барот, вклучувајќи обид да го „преземе шанкот“ и да глуми бармен. Некои гости се фотографирале со него, а тој им излегол во пресрет. Сведоци опишуваат дека го „тероризирал градот“ со неговите постапки, иако во некои барови се однесувал нормално.
Актерот бил сместен во луксузен AirBNB во елитната четврт Uptown, близу до главните маршеви на карневалот, и се појавувал и во други локали, како барови и џез клубови, каде понекогаш им давал „актерски совети“ на вработените.
На карневалот во Њу Орлеанс годинава Лабаф бил еден од најконтроверзните учесници, со мешани реакции од локалното население.


