фото: Шаховска федерација на Македонија@facebook

Шаховска федерација на Македонија: Еве дел од она што сме организирале последниве неколку години

Шаховската федерација на Македонија, претпоставуваме поттикната од интервјуто со велемајсторот Трајко Недев објавено во „Слободен печат“ минатиот понеделник, на својата фејсбук-страница реагира со свој пост.

Ја објавуваме содржината на постот на Шаховската федерација на Македонија:

Поттикнати од изјавите дека ова биле најцрните години на македонскиот шах сакаме да наброиме само дел од проектите/настаните кои ги имаме организирано во последните неколку години:

✅ 2021 година: Организација на Европскиот Клупски Куп во машка и женска конкуренција

✅ 2022 година: започнавме со имплементација на проектот „Шах во училиштата“ со кој се обидуваме да го внесеме шахот како изборен предмет во секое основно училиште

✅ 2022 година: Младинските екипи до 12 и до 18 години за прв пат уествуваат на Европско екипно првенство

✅ 2022 година: Огранизација на Екипно Балканско Првенство за Млади

✅ 2023 година: Младинската екипа до 12 години учествува на Европско Екипно Првенство

✅ 2023 година: Организација на Светското Екипно Првенство за Сениори во машка и женска конкуренција

✅ 2024 година: во чест на одбележување на 100-годишнината на Светската Шаховска Федерација (FIDE) организиравме шаховски настан на отворено во Градскиот Парк во Скопје каде што на 100 шаховски табли повеќе од 400 посетители имаа можност да одиграат партија шах и да се запознаат со реномираните светски шахисти ВМ Најџел Шорт и ВМ Антоанета Стефанова

✅ 2024 година: Организација на Европското Првенство во Рапид, Блиц и Фишеров Шах

✅ Овој УО на ШФМ има организирано два семинари за судии (обучени преку 20 шаховски судии) и два семинари за шаховски тренери (обучени преку 40 шаховски тренери)

Направивме и мала споредба на бројот на официјални турнири, државни првенства организирани од ШФМ и учества на меѓународни натпревари во последните две години и пред десетина години.

📌 2025 година:

✅ Организирана е прва машка лига со 8 екипи и прва женска лига со 6 екипи

✅ Организирана е втора машка лига со 10 екипи

✅ Организирани се квалификации за втора машка лига со 12 екипи

✅ На младинските поединечни првенства учествувале вкупно 96 учесници

✅ Организирани се младинските екипни првенства по категории со вкупно 227 учесници распоредени во 40 екипи

❌ НЕ СЕ организирани државните поединечни првенства во машка и женска категорија за прв пат во последните 4 години односно откако овој УО раководи со ШФМ

📌 2024 година:

✅ Организирана е прва машка лига со 9 екипи и прва женска лига со 8 екипи

✅ Организирана е втора машка лига со 10 екипи и втора женска лига со 5 екипи

✅ Организирани се квалификации за втора машка лига со 18 екипи

✅ На младинските поединечни првенства учествувале вкупно 94 учесници

✅ Организирани се младинските екипни првенства по категории со вкупно 240 учесници распоредени во 43 екипи

✅ Организирано е државно поединечно првенство на Македонија во машка конкуренција на кое настапија 67 учесници

✅ Организирано е државно првенство на Македонија во женска конкуренција на кое настапија 10 учеснички

📌 2015 година:

✅ Организирана е само прва машка лига со 8 екипи

✅ На младинските поединечни првенства учествувале вкупно 62 учесници

❌ НЕ СЕ организирани: државно поединечно првенство за мажи и жени,

❌ НЕ СЕ организирани: втора лига за мажи и жени,

❌ НЕ СЕ организирани: квалификации за втора лига мажи,

❌ НЕ СЕ организирани: екипни првенства за млади по категории

📌 2014 година:

✅ Организирана е само прва машка лига со 6 екипи

✅ Организирано е младинско поединечно првенство

❌ НЕ СЕ организирани: државно поединечно првенство за мажи и жени,

❌ НЕ СЕ организирани: втора лига за мажи и жени,

❌ НЕ СЕ организирани: квалификации за втора лига мажи,

❌ НЕ СЕ организирани: екипни првенства за млади по категории

Што се однесува до меѓународните настапи на репрезентациите.

– На Европското Екипно Првенство во 2013 година настапила САМО машката репрезентација.

– На Европското Екипно Првенство во 2015 година НЕ настапила ниту една репрезентација

– На Европското Екипно Првенство во 2023 година настапиле и машката и женската репрезентација

– На Европското Екипно Првенство во 2025 године НЕ настапила ниту една репрезентација

Сите овие информации може уредно да се поткрепат со докази (линкови од chess-results.com) но истите не ги вклучивме во оваа изјава со цел истата да биде полесно читлива.

Оставаме на секој од вас да ги погледне бројките и да заклучи кои биле подобри/полоши години за македонскиот шах.

Спортски поздрав

Sloboden Pecat

 

Трајко Недев: Сум видел кризи, но никогаш ваква состојба во македонскиот шах

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот