Сениорите ремизираа против Италија

Фото: macedoniahandball.com.mk

После победата од 26:23 на вчерашниот меч против Турција, денеска македонската сениорска репрезентација во рамките од ЕХФ-неделата ремизираше против Италија со резултат 26:26.

И на овој дуел настапивме без најдобрите кои се очекува да настапат во Скопје на пријателските дуели против Грузија на 25 и 26 октомври.

Избраниците на селекторот Данило Брестовац се спасуваа од пораз, после првото полувреме беше нерешено. (12:12) и после првото полувреме. Во самиот финиш од средбата Мартин Поповски реализираше гол за реми (26:26).

Македонија – Италија  26:26 (12:12)

Македонија: Томовски (9 одб.), Кизиќ (1 одб.), Велковски 1, Димитриоски 2, Костески 1, Танкоски 4, Крстевски, Кукуловски, Поповски 8, Младеновиќ, Пешевски 4, Јагуриновски 1, Маџовски 1, Димитриевски, Мишевски 3 и Арсеновски

Десното крило на ракометниот клуб Пролет, Поповски со осум гола беше најефикасен, потоа голманот Томовски имаше девет одбрани, а Танкоски и Пешевски постигнаа по четири гола.

После тест мечевите со Грузија, Македонија ќе игра уште пријателски натпревари, непосредно пред настапот на Европското првенство 2020 година, но на гостински терен. Најпрвин ќе настапи на турнирот „Карпати“ во Романија, а на неколку дена пред првенството ќе замине за Словенија, каде ќе одигра против домаќинот и Црна Гора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот