ЕХФ недела: Слободен влез на мечевите против Грузија!

Брестовац во хотелот „Александар Палас“ – Скопје ја собра македонската сениорска репрезентација за ЕХФ неделата како подготовка за настапот на Европското првенство 2020 година.

Како што информираат од Ракометната федерација на Македонија, влезот на двата меѓународни пријателски натпревари против Грузија во СЦ „Борис Трајковски“ ќе биде слободен за сите љубители на ракометот.

На 25 октомври (петок) дуелот ќе се игра од 20.00 часот, а еден ден подоцна од 16.00 часот.

Кирил Лазаров, Борко Ристовски, Дејан Манасков, Филип Талески и Филип Кузмановски, на тимот ќе му се приклучат по враќањето од Турција и тие ќе играат на средбите со Грузија.

Целта на селекторот Данило Брестовац ќе биде да им даде шанса на помладите со цел да бидат на високо ниво.

Прочитајте и...  Ливерпул брзо се опорави од дебаклот против Сити

Надежите се дека прво против Турција се извлече играч на кој ќе може да се смета во иднина.

– Мора да се внесе свежа крв во репрезентацијата. Доколку за неколку години не се скрои добра селекција, ќе се најдеме во проблеми и со ракометари без интернационално искуство. Имаме проблеми со составот, В. Маркоски не игра, а Н. Маркоски има скршеница – вели Брестовац.

Исто така како контролки пред континенталниот собир ќе се искористи и турнирот „Трофеј Карпати“ во декември против Црна Гора и Словенија.

Селекторот не е задоволен од минутажата која ракометарите ја имаат во клубовите, па овие натпревари треба да послужат и за подобрување на формата.

– Сите репрезентативци се во тренажен процес, но натпреварувачкиот ритам е катастрофа, речиси никој не игра за своите клубови. Затоа и се договоривме да одиграме колку што е можно повеќе натпревари, додаде Брестовац.

Прочитајте и...  Сезоната во НБА нема да се доигра

Прочитај повеќе

Два клуба од Македонија следната сезона во БИБЛ!

Слободен печат

„УС Опен“ мора да биде откажан!?

Слободен печат

Тоа би било светски „бум“: Роналдо и Меси во ист тим!?

Слободен печат

Конечниот план на „кралевите“ за преодниот рок!

Слободен печат

Родригез може да го напушти Реал за 25 милиони евра

Слободен печат

Тајсон не престанува да изненадува: Вежба на плажа и е во неверојатна форма (ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Зидан е лут на медиумите: Судиите постојано ни помагаат? Уморен сум од тоа…

Слободен печат

Македонската пресметка без победник, Пандев стрелаше за реми на Џенова

Слободен печат

Сезоната во НБА нема да се доигра

Слободен печат

Ливерпул брзо се опорави од дебаклот против Сити

Слободен печат

Шокантна вест од Русија: Млад голман на тренинг бил удрен од гром

Слободен печат

На Барселона ништо не и оди од рака, Најки им испорачал фалц дресови

Слободен печат