Шер со синот Елајџа - Фото: Притнскрин/Јутјуб

Вистина која со години се криеше – Шер конечно ја запозна 15-годишната внука, ќерка на нејзиниот син Елајџа

Светската музичка ѕвезда Шер конечно ја потврди вистината која со години се криеше, таа има 15-годишна внука по име Евер. Првата средба меѓу бабата и внуката се случила минатиот септември во вилата на пејачката во Малибу.

Шер минатиот јуни лично ја контактирала Кејти, мајката на девојчето, за да ја дознае вистината. Иако нејзиниот син, Елајџа Олман, уште во 2021 година споменал дека има дете, пејачката не била сигурна дали тоа е вистина или последица на неговата долгогодишна борба со зависностите и нарушеното ментално здравје.

Кога пристигнала потврдата, Шер возбудено извикала:

„О боже, конечно сум баба!“

Мајката на девојчето, Кејти, ја опиша Шер како „топла и весела личност“. За време на првата средба, славната пејачка си играла со Евер во базенот, ја испрашувала за училиштето и за момчињата, па дури и ѝ ја покажала својата огромна гардероба, вклучувајќи ги и култните фармерки што ги носела на концертите. Оттогаш, Шер редовно ѝ испраќа скапи подароци на својата внука за сите празници.

Додека Шер ужива во улогата на баба, нејзиниот син Елајџа Олман минува низ пеколен период. Тој моментално се наоѓа во затвор во Њу Хемпшир по серија апсења и предозирања. Кејти тврди дека Елајџа отсекогаш знаел за Евер, но поради дрогата никогаш не сакал да ја преземе улогата на родител. И покрај нивниот турбулентен однос, Шер вложува огромни средства и напори за да му помогне на својот син да се излечи.

Живот во сенка на славните

Интересно е што мајката на девојчето, Кејти,  е внука на легендарната актерка Џули Ендрус, ѕвездата на „Мери Попинс“. Таа истакна дека животот со холивудските ѕвезди не е бајка, туку свет во кој средбите се закажуваат преку асистенти, а децата растат со дадилки. Токму затоа, Кејти со години ја криела Евер од јавноста, сакајќи да ја заштити од притисокот на славата.

Иако Евер пораснала со друг татко кој го сака, контактот со Шер отвора ново поглавје во нејзиниот живот. Сите заедно чекаат Елајџа да се стабилизира за да можат да изградат здрави семејни односи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот