Селин Дион најави уште десет нови концерти во Париз
Пејачката Селин Дион сè уште не го одржала првиот концерт од својата долгоочекувана концертна резиденција во Париз, а веќе најави нови настапи и за 2027 година.
Препорачано
Дион ја прошири својата концертна серија со уште 10 дополнителни датуми во арената „Парис Ла Дефанс“.
Новите концерти ќе се одржат на 8, 12, 14, 15, 19, 21, 22, 26, 28 и 29 мај 2027 година.
Првите концерти од резиденцијата се закажани од 12 септември до 17 октомври годинава и ќе бидат нејзини први целосни настапи пред публика од 2020 година наваму.
За обожавателите кои претходно се регистрирале за претпродажба на билети, но не успеале да обезбедат место, ќе биде отворен посебен продажен термин во кој повторно ќе можат да се обидат да купат билети. Тие ќе добијат дополнителни инструкции преку електронска пошта.
Враќањето на Селин Дион на сцената во Париз има и силна симболика. Нејзиниот прв јавен настап по објавувањето на дијагнозата за синдромот на вкочанета личност беше токму во француската престолнина, за време на церемонијата на отворањето на Летните олимписки игри 2024, кога настапи кај Ајфеловата кула.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
5час
-
6час
-
7час
-
7час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


