Секс афера го тресе ФБИ: Агенти напаѓале помлади колешки, наместо казни добивале пензии

Федерално истражно биро (ФБИ) Фото: EPA/MICHAEL REYNOLDS

Истрагата што ја спроведе Агенцијата Асошиејтед прес откри најмалку шест обвинувања за сексуални престапи против високи функционери на ФБИ во текот на изминатите пет години, вклучувајќи и две нови обвинувања изнесени  од жени оваа недела, кои тврдат дека биле сексуално нападнати од агенти со повисок ранг.

Еден од помошниците на директорите на Федералното биро за истраги на САД (ФБИ) се пензионираше откако беше обвинет  дека во пијана состојба, на скалите несоодветно допирал жена што му била подредена.

Друг висок службеник на ФБИ го напуштил Бирото откако беше откриено дека тој сексуално злоставувал осум вработени. Друг висок агент исто така се пензионирал откако бил обвинет дека со уцена  принудувал млада службеничка на  сексуални односи.

Сите обвинети службеници на ФБИ , судејќи по се, избегнале да бидат казнети дисциплински, наведува АП додека неколкумина биле префрлени на друга должност  или се  пензионирале, задржувајќи ги целосните пензии и бенефиции, дури и откако за време на истрагата биле потврдени наводите дека извршиле сексуален престап, пренесува Гласот на Америка.

Покрај тоа, сојузните службеници за спроведување на законот имаат право да останат анонимни дури и по завршувањето на дисциплинската постапка, што им овозможува да бидат вработени во приватниот сектор или дури и да останат во државна служба.

„Тие тоа го туркаат под килим“, тврди поранешната аналитичарка на ФБИ, кој во новата федерална тужба обвини  надреден специјален агент дека и го лижел лицето и несоодветно ја допирал на една  забава во 2017 година.Таа на крајот го напуштила бирото и исто така страда од посттрауматско стресно нарушување.

„Многу е обесхрабрувачки кога ФБИ, кој себеси се смета за врвна организација за спроведување на законот, им дозволува на луѓето за кои знае дека се криминалци да се пензионираат или да ја продолжат кариерата во областите за спроведување на законот“, рече една жена која побара од Асошиејтед Прес да ја идентификува само по името Беки.

Во соопштението на ФБИ се вели дека „има политика на нулта толеранција за сексуално вознемирување“ и дека обвиненијата против претпоставените резултирале во нивно отстранување од функцијата додека се испитуваат случаите

Тој додаде дека сериозни случаи може да резултираат со обвиненија и дека во текот на внатрешната дисциплинска постапка на бирото, меѓу другото, се проценува „веродостојноста на обвиненијата, сериозноста на прекршоците и рангот и положбата на инволвираните лица“.

ФБИ, кој има повеќе од 3.500 вработени, е познат по тоа што не дозволува ваквите обвинувања да бидат објавени во јавноста. Последен пат кога канцеларијата на генералниот инспектор спроведе сеопфатна истрага за сексуални престапи во ФБИ, беа откриени 343 „прекршоци“ од фискалната 2009 до 2012 година, вклучувајќи и три случаи на „снимање жени без облека, без нивна согласност“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот