Седум причини зошто здравите и слаби луѓе секој ден пијат сок од кисели краставички

Фото: Профимедиа

Сите знаеме колку закиселената вода е добар лек за мамурлакот, но тоа е само еден од нејзините благотворни ефекти. Како додаток во исхраната, може да го подобри вашето здравје на многу нивоа. Притоа не треба да се грижите – нема да чувствувате и нема да мирисате на кисело, туку ќе го освежите здивот.

Расолницата изобилува со антиоксиданти, со витамините А и Е, помага во дигестивниот тракт, го регулира шеќерот во крвта. И, тоа не е сѐ!

Иако се чини дека корнишонот не е ништо друго освен краставица, со сол и зачински билки, во некои аспекти се покажува како природен лек.

Важно е да се знае: сокот е исто така многу здрав, бидејќи содржи значителен дел од хранливи материи.

Како дејствува?

1. Слабеење

Според едно истражување во Јапонија, секојдневното консумирање оцет доведува до слабеење, а оцетот е главната состојка во киселите краставички!

2. Отстранување на грчеви во мускулите

Друга студија покажала дека консумирањето кисели краставички и нивниот сок ги намалува грчевите во мускулите кај спортистите. Ако се подготвувате за важен натпревар или едноставно сакате да ја избегнете непријатноста на грчевите, пробајте кисели краставички и чаша сок.

3. Витамини и антиоксиданти

Освен тоа што ги спречуваат грчевите, киселите краставички се многу богати со антиоксиданти и со витамините Ц и Е. Исто така, и сокот е полн со антиоксиданти, а оваа комбинација ќе ви го зајакне имунитетот и ќе ја поправи општата состојба на организмот. Тоа е вистински витамински коктел и моќен имунолошки модулатор, според студијата спроведена од списанието „Космополитен“. Накратко, кажете им збогум на настинките и грипот! 

4. Пријател во менструалниот циклус

Ако копнеете по нешто солено во најлошите денови од вашиот менструален циклус, киселите краставички се совршени. Не само што се нискокалорични, туку и го спречуваат апетитот поради нивната киселост.

5. Краставици против губиток на крвта

Киселите краставички се одличен извор на витамин К. Една краставица содржи 15 отсто од препорачаната дневна количина. Што прави? Витаминот К е одговорен за згрутчувањето на крвта. Ако ви недостасува овој витамин, дури и мала рана може да доведе до голем губиток на крвта.

6. Лек против мамурлак

Киселите краставици можат да помогнат да се спречи мамурлакот. По бурната забава сте се прибрале дома и не се чувствувате добро затоа што сте испиле премногу? Изедете две големи кисели краставички пред спиење и нема да имате никакви проблеми. Киселината го разградува алкохолот, па нема да имате мамурлак по мошне „убавата вечер“.

7. Спречува дехидратација и ја гаси најсилната жед

За крај, совет кој ќе им помогне на многумина. Ако сте многу жедни, наместо вода, напијте се малку сок од кисели краставички. За брзо да ја изгаснете жедта, мора во организмот да внесете калиум и натриум, а бидејќи овој сок ги содржи и двата минерала, моментално ќе ве освежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот