Фото: Општина Карпош

Се зголемува цената во градинките во Карпош, наместо 1490 ќе се плаќа 2000 денари месечно

Родителите на децата згрижени во градинките во општина Карпош ќе плаќаат повисока цена отколку досега, односно месечниот престој на нивното дете ќе ги чини 2000 денари.

Општинскиот Совет на денешната седница го усвои предлогот за зголемување на цените за згрижување и престој на дечињата во предучилишните установи на територија на Карпош.

Досега месечната претплата изнесуваше 1.490 денари, а отсега за целодневен месечен престој за дете до 6 годишна возраст ќе се плаќа 2.000 денари, а истиот месечен надомест ќе изнесува и за престој и исхрана на дете од 6 до 10 годишна возраст. Како што беше констатирано, поради зголемените режиски трошоци и континуираниот пораст на цените на прехранбените производи, неопходна беше ваквата корекција на месечната партиципација во градинките, која ќе резултира со подобрување на квалитетот на услугите кои ќе ги добиваат најмладите карпошани – соопштија од Карпош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот