Се заканија со тужба од 10 милиони – Телохранителот на најпознатиот брачен пар изнесе приватни детали во јавноста, страстите не се смируваат

instagram

Светската старлета Ким Кардашијан и нејзиниот сопруг Канје Вест му се заканија на поранешниот телохранител со тужба поради тоа што тој јавно изнесува интимни детали од нивниот приватен живот.

Имено, тие двајца тврдат дека Стив Старнули изнел низа лажни информации за нив, а со тоа го прекршил и договорот за доверливост на информации кои го потпишал пред да започне да работи за раперот.

instagram

Тој наведе дека Ким и Канје даваат беден бакшиш, но и тоа дека тие му биле едни од најомразените клиенти за кои работел.

Брачниот пар се закани со тужба од 10 милиони долари доколку Стив повторно јавно проговори за нивниот однос и живот, пренесува Дејли Мејл.

Станулис е поранешен полицаец кој работел за бројни ѕвезди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот