Сè што треба да знаете за ПЦР-тестовите за ковид-19

Рим, Италија / Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Сите кои имаат позитивен ПЦР-тест за SARS Cov-2 го исфрлаат вирусот околу себе по третиот ден од навлегувањето на вирусот. ПЦР-тестот останува позитивен сè додека лицето има акутни симптоми на болест.

Новата болест ковид-19 е предизвикана од посебен вид коронавирус наречен SARS Cov-2 вид.

Болеста за прв пат беше докажана кон крајот на 2019 година и за само неколку месеци се прошири низ целата земјина топка. SARS Cov-2 вирусот многу лесно се шири преку воздухот, со секретите од респираторниот систем на болни и асимптоматски носители, но продолжено (по неколку часови) опстојува во воздухот, на рацете и предметите, кои се контаминирани со секретите на носителот на вирусот, што значи вирусот е  високо контагиозен.

Човекот го вдишува вирусот со контаминиран воздух или го внесува во својот организам со допирање на устата, носот или очите со загадени раце.

По кратка инкубација од околу три дена кај 20-30% од заразените луѓе се појавуваат симптоми слични на настинка, како покачена температура, треска, малаксаност, главоболка, сува кашлица, болка во грлото, и/или загуба на чувството за мирис и вкус, конфузност, почести цревни испразноци (дијареа, пролив).

Помал број од луѓето со симптоми развиваат потешка или многу тешка форма на болест, заради зафаќање на повеќе органи, пред сѐ белите дробови, бубрезите, срцето и целата крвна циркулација, со појава на згрутчувања во малите крвни садови.

Ковид-19 е болест на силна имунолошка реакција кон нов вид вирус. Текот на болеста кај повозрасните и лицата со послаб имунитет е многу тежок и завршува со трајни оштетувања во организмот или фатално, со смртен исход.

Децата и младите лица поретко развиваат симптоми на болест, но тие се асимптоматски носители на вирусот и го пренесуваат околу себе и до другите лица, кај кои текот на болеста е непредвидлив.

Земањето на примерокот за ПЦР-тест е многу едноставно: стерилен брис (стапче со завиткан памук на врвот) се внесува во носот и во широко отворената уста на лицето. Земањето секогаш треба да го направи стручно и обучено лице / Фото: Профимедиа

Дијагноза на болеста ковид-19 или асимптоматското носителство на вирусот SARS Cov-2 се потврдува со микробиолошки испитувања со кои се докажува микроорганизмот (вирусот) или се докажува имунолошкиот одговор на човекот кон него. Докажувањето на вирусот се нарекува директна микробиолошка дијагноза и може да се врши 3-5 дена по навлегувањето на вирусот во носот на човекот. Индиректните микробиолошки методи за докажување на имунолошкиот одговор на човекот можат да се применуваат најрано по 15 дена, а најдобро по 20 дена од контактот со вирусот.

Постојат два вида тестови за директно докажување на SARS Cov-2 вирусот, тестови за докажување на специфични нуклеотидни секвенци на вирусниот геном и тестови за докажување на вирусните антигени, и во двата случаи во примероци земени со брис од носниот секрет (назофарингеален брис).

Тестови за докажување на специфични нуклеотидни секвенци на вирусниот геном

Секој вирус (и секој микроорганизам) содржи делови во генетскиот материјал, кои се високоспецифични само за него и не се наоѓаат кај ниту еден друг сличен вид. Специфичните нуклеотидни секвенци се застапени во многу мал број кај микроорганизмот. За да можат да бидат докажани, тие треба да бидат намножени со постапка наречена амплификација, контролирана од ензим наречен полимераза. Амплификацијата се одвива во поголем број циклуси, кои верижно се надоврзуваат еден на друг, што стручно се нарекува полимеразно-верижна реакција (ПЦР). ПЦР-тестовите се високо специфични за микроорганизмот што се докажува. Со нив можат да се докажат само неколку вируси во испитуваниот примерок.

Позитивен ПЦР-тест значи дека во назофаринксот на лицето е присутен SARS Cov-2 вирусот. Лицето може да развие болест ковид-19 во тек на 3-10 дена од навлегувањето на вирусот или може да остане без симптоми. Сите луѓе кои имаат позитивен ПЦР-тест за SARS Cov-2 го исфрлаат вирусот околу себе по третиот ден од навлегувањето на вирусот. ПЦР-тестот останува позитивен сè додека лицето има акутни симптоми на болест. Асимптоматските носители на вирусот исто така го исфрлаат вирусот, најмалку 10 дена, но може и подолго.

ПЦР-тестот за ковид-19 брзо се изведува во „Биотек лабораторија“, која е опремена со најсовремена опрема и стручен кадар, специјализирани лаборатории со соодветна опрема и стручен кадар и резултатот се издава за неколку часови.

Информации и закажување на телефоните: (0)2 5300 898, 078/394-829, (0)2 5300 766


Комерцијален текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот