Се сеќавате на Борат? Никој не може да го препознае, а ниту на вас нема да ви успее! (ВИДЕО)

Комичарот Саша Барон Коен е најпознат по улогата на Борат, а една од најпопуларните сцени е секако онаа во која тој се шета облечен во монокини.Токму поради тоа многумина се изненадиле кога неговата сопруга Исла Фишер објавила снимка на која разголениот Коен вежба со тегови без горна маица. Никој не можел веднаш да го препознае. Имено, Саша е номиниран за Златен глобус за улогата во серијата на Нетфликс – „The Spy”, а сопругата јавно му честитала на Инстаграм и напишала колку труд вложил тој во улогата.

„Многу сум горда поради номинацијата. Толку се трудеше да се трансформира за таа улога, не само што мораше да се затегне (погледнете го видеото) туку мораше да научи и три дијалекти, вклучувајќи го и сирискиот и живееше во Казабланка, воглавно соживеан со ликот во рок од 4 месеци додека траеше снимањето”, напишала Исла под објавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот