Се појавија нови заеднички фотографии, Ирина Шајк не се одвојува од милионерот (ФОТО)

инстаграм

Руската манекенка и супермодел Ирина Шајк (34) го преболе своето долгогодишно момче, актерот и продуцентот Бредли Купер (45), а сега е во врска со продавач на уметнички дела – Вито Шнабел (33).

Папараците повторно ја „фатија“ со милионерот Вито Шнабел (34) за кој се тврди дека е нејзиниот нов партнер, а сега се појави и нова заедничка фотографија од нив.

Парот очигледно е неразделен, нив папараците ги уловија како во доцните часови излегуваат од зградата на Вито, а американските медиуми јавуваат дека парот заедно ја поминал ноќта.

Профимедиа

Инаку Вито е познат и како вистински „женкар“ и бил со многу познати актерки и манекенки.

Една од поранешните девојки му е Хајди Клум (46) со која беше од 2014 до 2017 година. Исто така, беше во врска и со Медалин Гени (33), како и поранешната сопруга на Џони Деп, Амбер Херд (33).

Според тоа што го пишуваат странските медиуми, Вито ја има заведено и продавачката на уметнички дела Даша Жуков (38), додека се уште бил во врска со Хајди Клум.

Медиумите пишуваат дека Вито е „тежи“ 10 милиони долари, додека Ирина е дупло „потешка“ од него со своите 20 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот