Ирина Шајк фотографирана со новото момче: Манекенката го фати најголемиот „женкар“ (ФОТО)

Фотографија: Profimedia

Руската манекенка и супермодел Ирина Шајк (34) го преболе своето долгогодишно момче, актерот и продуцентот Бредли Купер (45), а сега е во врска со продавач на уметнички дела – Вито Шнабел (33).

Ирина и Бредли раскинаа пред девет месеци, поради наводна афера со пејачката Лејди Гага (34), а двајцата ја имаат заедничката ќерка Леа (3), над која дела рамноправно старателство.

Манекенката беше фотографирана со трговецот со уметнички дела на прошетка во Њујорк, иако градоначалникот на тој град нареди поради коронавирусот да се излегува само ако се мора.

Новопечениот пар не го земале во предвид предупредувањето, па опуштено шетаа без заштитни маски, а потоа заминаа во станот на Вито.

Фото: Принскрин / ексклузивните фотки може да ги погледнете ТУКА

Додека го пратеше до неговиот стан, Ирина цело време разговараше на мобилниот телефон.

Таа на почетокот на годината даде интервју за британски „Vogue“ и отворено зборуваше за односот со Брели Купер по раскинувањето.

– Двајца сјајни луѓе не мора да значи дека би биле добар пар. Мислам дека имавме среќа што бевме заедно. Без него е тешко да најдете рамнотежа помеѓу мајчинството и работата. Некогаш се будам со помислата: Што да правам? Се распаѓам – раскажала таа.

Инаку Вито е познат и како вистински „женкар“ и бил со многу познати актерки и манекенки.

Една од поранешните девојки му е Хајди Клум (46) со која беше од 2014 до 2017 година. Исто така, беше во врска и со Медалин Гени (33), како и поранешната сопруга на Џони Деп, Амбер Херд (33).

Според тоа што го пишуваат странските медиуми, Вито ја има заведено и продавачката на уметнички дела Даша Жуков (38), додека се уште бил во врска со Хајди Клум.

Медиумите пишуваат дека Вито е „тежок“ 10 милиони долари, додека Ирина е дупло „потешка“ од него со своите 20 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот