Се омажи Лили Ален во Лас Вегас! Тој и помогна да се ослободи од пороците, а таа му кажа „да“ (ФОТО)

Фото: Инстаграм

По романтичното патување тие ја официјализираа својата врска…

Британската пејачка Лили Ален (35) по една година врска се омажи за актерот Давид Харбор (45), пишува Дејли Мејл.

Церемонијата е објавена во капелата во Лас Вегас, а ги венчаше имитатор на Елвис Присли. Лили на венчавката го користеше презимето Копер, кое го зема од поранешниот сопруг Сем, од кој се разведе пред две години.

Лили и нејзиниот партнер претходниот ден извадиле дозвола за венчавка во Лас Вегас, а иако дозволата важи една година, тие се одлучија веднаш да ја официјализираат својата врска.

Фото: Инстаграм

Сегашниот сопруг и помагаше на Лили, уште не почетокот на врската, да се ослободи од пороците, па така таа веќе една година стои подалеку од дрогата и алкохолот.

Фото: Инстаграм

Лили претходно зборуваше за пороците, за алкохолот и дрогата, на кои им се препушти откако имаше приватни проблеми во животот. Покрај тоа, таа седум години се борела и со биполарно пореметување.

Фото: Инстаграм

Инаку, пејачката и нејзиниот сопруг неодамна беа на одмор во Хрватска, а според фотографиите сите коментираат дека и двајцата изгледаат среќно и задоволно во нивната љубов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот