Сидни Свини во улогата на Кеси Хауард / Фото: Инстаграм/„Еуфорија“

Сцена со Сидни Свини отстранета од финалната верзија на филмот „Ѓаволот носи Прада 2“

Камео сцена со американската актерка Сидни Свини е отстранета од финалната верзија на продолжението на филмот „Ѓаволот носи Прада“, пишува „Ентртејнмент викли“.

Откако актерката беше фотографирана кон средината на 2025 година како оди на снимањето на долгоочекуваното продолжение на „Ѓаволот носи Прада“, во кое глумат Ен Хатавеј, Мерил Стрип, Стенли Тучи и Емили Блант, почнаа да кружат гласини дека ѕвездата ќе се појави во самиот филмски проект.

Американското списание потврди, повикувајќи се на информиран извор, дека Свини глуми во камео сцена што требаше да се појави на почетокот на продолжението, но „креативната одлука“ беше целосно да се изостави тој дел.

Според изворот, сцената не се вклопувала структурно со остатокот од заплетот, а тимот што работел на филмот ѝ бил благодарен на Свини за нејзиното учество, што ја отежнало одлуката за отстранување на сцената.

Претставниците на компанијата „Дизни“ и самата Свини не одговорија на барањето за коментар.

Продолжението на филмот „Ѓаволот носи Прада“ ќе биде во кината од 1 мај.

Ким Новак не сака Сидни Свини да ја глуми на филм: „Премногу е секси, сосема е погрешен избор“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот