Сашка Младеновска од Рим: Секој ден точно напладне аплaудираме за здравствените работници (ВИДЕО)

За ситуацијата со вонредната состојба во Италија за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ зборуваше Сашка Младеновска, Македонка во Италија.

– Јас сум во Рим, во карантин, во самоизолација. Од самиот почеток кога не известија дека може да излегуваме само по потреба за мене не беше проблем, вели Младеновска.

Таа истакна дека имаат точно одредено термин во денот кога аплаудираат на здравствените работници.

Од минатиот петок во 18 часот на балконите на терасите пееме песни. Имаме и распоред кои песни ги пеемеа а точно напладне аплудираме за здравствените работници. Одлично сме информирани. Секоја програма објаснува за вонредната состојба во Италија, изјави Младеновска.

Погледнете го целото вклучување:

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот