Сара Џесика Паркер заврши на суд – Нејзината работничка ја обвини дека е лоша газдарица!

instagram

Хедер Холт од актерката бара да и се исплати платата, како и камата и парична казна…

Поранешната работничка вработена во продавницата за чевли на Сара Џесика Паркер, Хедер Холт тврди во тужбата која ја поднесе до Врховниот суд во Њујорк дека актерката и нејзиниот деловен партнер Џорџ Малкемус не и ги исплатиле прекувремените часови на работа во периодот од 31. декември 2018 година па се до први март 2020 година.

„На тужителката не и се соодветно компензирани прекувремените часови работа за сите оние часови кои ги одработила над нормалните четириесет часа во работната недела“, стои во тужбата каде не е споменато за колкави пари станува збор.

instagram

Хедер Холт од Сара бара да и се надомести платата, како и камата и парична казна.

„Сите во Њујорк заслужуваат да бидат платени за времето кое го одработиле. Кршењето на законот за плата е сериозно и секој работодавец кој ќе го прекрши треба да биде одговорен за тоа, дури и познатите како неа“, изјави адвокатот на Хедер.

Инаку, Сара во Њујорк има две продавници, како и по една во Лас Вегас, Мериленд, Дубаи, Абу Даби и Канада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот