„Сан“ тврди: Љубовницата на Путин е бремена по трет пат, рускиот претседател е лут

Алина Кабаева, Владимир Путин, Фото: Profimedia

Љубовницата на Владимир Путин, поранешната олимписка ритмичка гимнастичарка Алина Кабаева, наводно е повторно бремена, пишува британскиот таблоид „The Sun“. Путин кој во октомври наполни 70 години, се вели дека веќе има најмалку два сина со поранешната олимписка ритмичка гимнастичарка Алина Кабаева (38).

ФОТО | Љубовницата на Путин, Алина Кабаева се појави во јавноста

ФОТО | Наводната љубовница на Путин се појави во јавноста: Опкружена со симболот „Z“

„The Sun“ тврди дека веста ја објавил рускиот канал General SVR Telegram. Тие наведуваат и дека Путин бил изненаден од веста дека Алина е бремена бидејќи тоа наводно не го планирале. Извори, тврдат дека Путин бил лут поради веста што ја добил во пресрет на големата воена парада на Денот на победата во Моска.

ЕУ планира да ја санкционира и љубовницата на Путин: Забрана за патување и замрзнување на имотот

Љубовницата на Путин и нивните деца се кријат во Швајцарија?

Врската на Путин и Кабаева никогаш не беше потврдена во јавноста. Таа била член на партијата на Путин, Единствена Русија и шеф на Националната медиумска групација. Кабаева освои бронзен медал во гимнастика на Олимписките игри во Сиднеј во 2000 година и златен медал во Атина четири години подоцна, каде што многумина веруваат дека го привлекла вниманието на рускиот претседател Путин.

Фото: Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот