ЕУ планира да ја санкционира и љубовницата на Путин: Забрана за патување и замрзнување на имотот

Фото: Instagram

Европската унија планира во шестиот пакет санкции да ја вклучи и Алина Кабаева, за која се вели дека е љубовница на рускиот претседател Владимир Путин.

Извори блиски на „Гардијан“ изјавиле дека ЕУ предложила санкции за Кабаева, поранешна олимписка гимнастичарка за чие појавување на нацрт-листата за санкции првпат објави „Блумберг“.

Кабаева е една од десетиците луѓе кои ќе се соочат со санкции – конкретно со забрана за патување во ЕУ и замрзнување на имотот.

Според пишувањето на „Блумберг“ и „Гардијан“, Кабаева се опишува како „тесно поврзана со претседателот Владимир Путин“.

Фото: Профимедиа

Кабаева освои злато на Олимписките игри во 2004 година за ритмичка гимнастика, а го носеше и државното знаме на Зимските олимписки игри во Сочи 2014. Таа беше пратеник шест години, претставувајќи ја партијата на Путин, Единствена Русија, а потоа водеше голема медиумска група, и покрај нејзиниот очигледен недостаток на медиумско искуство.

Во 2008 година, еден локален весник во Москва објави дека Путин тајно се развел од сопругата Људмила и планира да се ожени со гимнастичарка. Кремљ жестоко ја демантираше приказната и таа набрзо беше затворена.

Фото: Профимедиа

„Волстрит журнал“ минатиот месец објави дека американската администрација се откажала од санкционирањето на Кабаева поради загриженоста дека Путин тоа ќе го смета за личен напад. Белата куќа жестоко го негираше извештајот, инсистирајќи дека никој нема да биде поштеден од санкции доколку ги заслужува. САД и ЕУ веќе ги санкционираа ќерките на Путин, Марија Воронцова и Катерина Тихонова.

Во јавноста испливаа досега невидени фотографии од ќерките на Путин (ФОТО)

САД ги санкционира ќерките на Путин и Лавров

ФОТО | Љубовницата на Путин, Алина Кабаева се појави во јавноста

ФОТО | Наводната љубовница на Путин се појави во јавноста: Опкружена со симболот „Z“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот