ФОТО | Наводната љубовница на Путин се појави во јавноста: Опкружена со симболот „Z“

Наводната љубовница на рускиот претседател Владимир Путин, Алина Кабаева беше водителка на патриотскиот балетски „Алина“ фестивал за гимнастика. Тоа беше нејзино прво појавување во јавноста откако Русија ја нападна Украина.
View this post on Instagram
Олимпијката наградувана со злато, позираше со учесничките, облечена во розов фустан на преклоп со бели цветови. За тоа време се слушале патриотски песни, а околу нив бил испишан симболот „З“(Z).
View this post on Instagram
На фестивалот е снимена емисија која ќе се емитува на 8 мај.
Со оглед на тоа што западните медиуми пишуваа дека Алина се крие во Швајцарија или во сибирски нуклеарен бункер, очигледно е дека со нејзиното појавување имала намера да испрати порака дека ја дели судбината на своите сонародници.
View this post on Instagram
„Оваа прослава не е само за целата земја, ова е празник за секое семејство. Секое семејство има своја воена приказна. И не смееме да ја заборавиме, туку да ја пренесуваме од генерација на генерација“, рече таа.
Претходно, Алина се појави во Москва на џуниорски тренинг за ритмичка гимнастика.
Странските медиуми како „Daily Mail“ шпекулираат дека Алина почнала да употребува ботокс и филери поради новите фотографии. За појавувањето на Алина во јавноста пишуваше и рускиот „Cosmopolitan“.

Тие објавија текст со наслов „Нова фотографија на Алина Кабаева: Фановите не ја препознаа“. Без да го споменат Путин, тие напишаа дека Алина е „една од најмистериозните и најмистериозните жени во Русија“.
ФОТО | Љубовницата на Путин, Алина Кабаева се појави во јавноста