ФОТО | Љубовницата на Путин, Алина Кабаева се појави во јавноста

Алина Кабаева
Алина Кабаева и Владимир Путин / Фото: Profimedia / EPA-EFE

Наводната љубовница на рускиот претседател Владимир Путин, олимписка златна медалистка и гимнастичарка Алина Кабаева се појави во Москва на џуниорски тренинг за ритмичка гимнастика.

Иако долго време се криеше од јавноста и ретко се огласуваше од почетокот на руската инвазија на Украина, 38-годишната Алина се појави на тренингот во московската „VTB“ Арена пред Хуманитарниот фестивал Алина.

Податоците за наводната љубовница на Путин исчезнаа од сајтот на руската медиумска империја

Фото: Instagram-принтскрин

Фотографиите од Алина ги објави тренерката на младите гимнастичари Јекатерина Сиротина. Странските медиуми како „Daily Mail“ шпекулираат дека Алина била на ботокс и филери поради новите фотографии. За појавувањето на Алина во јавноста пишуваше и рускиот „Cosmopolitan“.

Љубовницата на Путин и нивните деца се кријат во Швајцарија?

Тие објавија текст со наслов „Нова фотографија на Алина Кабаева: Фановите не ја препознаа“. Без да го споменат Путин, тие напишаа дека Алина е „една од најмистериозните и таинствени жени во Русија“.

„Никој не смее да праша за љубовниот живот на Путин“: Јавноста знае само за овие две жени

„Нешто навистина се променило на нејзиното лице… Легендарната спортистка беше забележливо поубава. Смешно е што некои обожаватели не ја препознале на оваа фотографија”, пишува за неа рускиот „Cosmopolitan“.

ти
Фото: Профимедиа

„Гимнастичарката речиси никогаш не се појавува во јавност, ја нема на социјалните мрежи, а не е можно да се сретне на улица или во трговски центри“, додаваат тие.

ФОТО | Откриено зошто Владимир Путин никогаш не зборува за своите деца

Да потсетиме, врската меѓу Путин и Алина првпат ја објави „Московски кореспондент“ во 2008 година, по што Путин негираше дека имал афера со неа. Путин и Алина беа видени и на Зимските олимписки игри во Сочи во 2014 година, а и двајцата носеа венчални прстени, што повторно предизвика гласини за врска. Но, ниту една страна никогаш не ги потврди гласините, туку постојано ги демантираше.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот