„Никој не смее да праша за љубовниот живот на Путин“: Јавноста знае само за овие две жени

владимир путин
Владимир Путин, Људмила и Алина / Фото: EPA-EFE / Јутјуб

Приватниот живот на Владимир Путин е една од најголемите мистерии во Русија и тој вешто го држи далеку од очите на јавноста. Иако изгледа неверојатно, никој во светот не знае со сигурност дали Путин е оженет и колку деца има.

Се разбира, во оваа приказна не станува збор за вештиот претседател кој успешно го крие својот приватен живот, туку за тоа дека на руските медиуми им е строго забрането да пишуваат за неговиот приватен живот.

Секој од тамошните медиуми кој ќе се осмели да „копа“ или да пишува за љубовниот живот на претседателот на Руската Федерација е свесен дека може да „паѓаат глави“, да се затворат весници и да се стави крај на кариерите на многу новинари.

владимир путин
Владимир и Људмила Путин фотографирани во 2000 година / Фото: EPA-EFE/Yuri Kadobnov

Единствената жена која беше претставена во јавноста како сопруга на Владимир Путин беше Људмила Путин, со која тој беше во брак 30 години.

Во бракот со неа, Путин стана татко на две ќерки, Марија и Катарина, кои до ден денес никој не знае како изгледаат затоа што никогаш не се појавиле во јавноста. Сега веројатно се возрасни жени, наводно се образовани и богато мажени. Имено, Путин само еднаш ги спомнал во јавноста.

„Живеат во Русија и никогаш не живееле никаде на друго место. Студираа само на руски универзитети. Горд сум на нив. Тие продолжуваат да студираат и работат. Моите ќерки зборуваат течно три европски јазици. Едната од нив дури зборува еден или два ориентални јазици. Ги прават своите први чекори и двете се успешни“, рече Путин во 2015 година.

Људмила Путин „исчезна“ од животот на Владимир Путин во 2014 година, и оттогаш не е видена во јавноста.

владимир путин
Владимир и Људмила Путин, фотографирани во 2005 година / Фото: EPA/SERGEI ILNITSKY

Првата љубовница на Русија

Улогата на гимнастичарката Алина Кабаева во животот на Владимир Путин е уште една мистерија во Русија. Дали Алина му била сопруга, девојка или само пријателка на рускиот претседател, никој не знае ништо за тоа. Уште кога за првпат ја поврзуваа со Путин, Алина го доби прекарот Првата љубовница на Русија.

Во 2008 година се појавија гласините дека Алина негува близок однос со Путин, а набргу потоа, се дозна дека таа има син по име Дмитриј.

Во интервју за рускиот „Вог“, таа инсистираше дека тој е нејзин внук, а не нејзин син. Но, се чини дека нејзината изјава не ја убеди јавноста во Русија која продолжи да „шушка“ дека Дмитриј е син на Путин.

Во септември 2013 година, политичкиот ривал на Путин, Алексеј Навални, тврдеше дека Путин и Кабаева се во брак, но портпаролот на Путин ги отфрли обвинувањата.

Владимир Путин и Алина Кабаева / Фото: Принтскрин/Јутјуб

И Путин и Кабаева беа видени како носат бурми на Зимските олимписки игри во Сочи во 2014 година, а Кабаева беше избрана за носител на факелот на церемонијата на отворањето, што поттикна дополнителни шпекулации дека таа е миленичка на рускиот лидер. Некои пак шпекулираат дека тие двајца имаат четири деца заедно.

Откако се „збогувал“ со убавата гимнастичарка, Алина стана пратеник во партијата на Путин „Единствена Русија“, а во 2015 година швајцарските медиуми објавија дека на Путин во таа земја му родила ќерка. Тоа го негираше и Путин.

Руските новинари тврдат дека е полесно да се известува за прашања од национална безбедност отколку за неговиот приватен живот, па се чини дека сите негови љубовни и брачни тајни ќе останат неоткриени. Барем уште некое време.

Во јавноста испливаа досега невидени фотографии од ќерките на Путин (ФОТО)

Видео на денот