ФОТО | Откриено зошто Владимир Путин никогаш не зборува за своите деца

владимир путин
Мистеријата околу ќерките на Владимир Путин / Фото: Принтскрин/Јутјуб

Рускиот претседател Владимир Путин речиси никогаш не зборува за својот приватен живот, а сега на интернет почна да се шири интервју од 2020 година во кое тој ја објаснил позадината на својот избор да не изнесува детали за своето семејство.

Иако за неговите вонбрачни врски и деца со години се зборува, Путин официјално има две ќерки – Катерина Владимировна Тихонова (35) и Марија Владимировна Воронцова (36), кои ги доби со првата сопруга Људмила Путин.

Путин во интервјуто изјавил дека сака да го заштити семејството од можните безбедносни проблеми, а истото го кажал и во 2015 година.

„Никогаш не разговарам за прашања поврзани со моето семејство. Тие не се занимаваат со бизнис или со политика. На овој начин ги избегнувам можните политички притисоци што би се вршеле врз нив“, рекол  тогаш Путин, а своевремено се пофалил дека станал дедо и дека сака да поминува време со внуците.

Тој, исто така, ги пофалил вештините на своите ќерки, кои зборуваат три европски јазици, а едната зборува јапонски. И двете ќерки се најдоа под санкции на САД по инвазијата на Украина.

Фото : Твитер Ќерките на Путин – Катарина Владимировна Тихонова и Марија Владимировна Воронцова

Како и на неговите блиски соработници, банкарските сметки на Марија и Катарина се блокирани и целиот имот во Америка е конфискуван. Во последно време сѐ почесто се споменуваат љубовниците на Путин, меѓу кои се Алина Кабаева (олимписка гимнастичарка, со која наводно има деца) и Светлана Кривоногих, поранешна хигиеничарка која сега е сопственичка на банка и милионерка.

Во 2003 година, Светлана ја роди Луиза Розова, за која се зборува дека е ќерка на Путин. По руската инвазија на Украина, Луиза доби бројни грди коментари на својот инстаграм-профил.

На социјалната мрежа ја следеле 84.000 луѓе, но во последните месеци, пред да го избрише профилот, ретко објавувала јавно на Инстаграм, па многумина се посомневале дека Путин ѝ забранил да биде активна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @luiza.rozova_


Под фотографијата од октомври 2021 година, троловите ѝ рекоа дека е „ќерка на убиец, воен злосторник, психопат“, а многумина ја осудија дека уживала во луксузниот живот додека нејзиниот татко предизвикувал трагедија.

ВИДEO | Бојкот на брендот: Збеснати богати Русинки сечат Шанел ташни

ВИДЕО | „Ако ти бев мајка, ти ќе беше многу сакан“: Бизарно обраќање на актерка кон Владимир Путин

САД ги санкционира ќерките на Путин и Лавров

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот