ВИДEO | Бојкот на брендот: Збеснати богати Русинки сечат Шанел ташни

Русинки, Шанел/Фото: Инстаграм

Влијателни модели и инфлуенсерки од Русија објавија видеа како ги сечат своите скапи Шанел ташни во знак на протест поради санкциите на брендот кои велат дека не може да се направи понатамошно купување.

Тие ја обвинија компанијата за „русофобија“ откако Шанел се повлече од земјата

Компанијата, исто така, побара од Русите на шопинг патувања во странство да потпишат ветувања дека нема да го носат или прикажуваат брендот во Русија.

Водителката, агентка за односи со јавноста и актерка Марина Ермошкина(28) изрази бес на своите 299.999 следбеници дека во странските Шанел продавници се бара од Русинките да потпишат потврда дека нема да го носат или прикажуваат брендот во Русија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marina Ermoshkina (@amazing_marina)

„Ниту еден предмет или бренд не вреди за мојата љубов кон татковината и за мојата самопочит“, рече таа, сечејќи ја својата чанта со ножици.

„Јас сум против русофобијата и против брендовите кои ја поддржуваат русофобијата. Ако поседувањето Шанел значи продажба на мојата татковина, тогаш не ми треба Шанел“.

Барајќи од другите жени да ѝ се придружат, таа објави: „За нас Русинките, да се има Шанел не е значајно. Ние бевме заштитно лице на овој бренд. Уште од детството сонувавме да ја купиме оваа чанта. Но, ниту една торба, ниту нешто друго, не е над мојата љубов кон татковината или самопочитта. Шанел е едноставно додаток кој во одреден момент реши да ги понижи моите сонародници. И да дискриминира по националност. Нема да го толерирам ова“.

Диџејката Катја Гусева(39) со 587.000 следбеници рече: „Јас му велам „не“ на Шанел“.

„Ме принудуваат да потпишам понижувачки документ, принудувајќи ме да ја отфрлам мојата татковина во корист на нивниот бренд. Јас сум против русофобијата и против сегрегацијата по националност. За да ви покажам дека сум сериозна, едноставно ќе ја исечам оваа торба. Не ми треба повеќе. Збогум, Шанел“.

 

Таа им рече на своите следбеници: „Ние Русинките сме прекрасни без разлика дали имаме Шанел – ние го знаеме тоа, Шанел го знае тоа, целиот свет го знае тоа“.

Манекенката, бизнисменка и инфлуенсерка од Монако, 42-годишната Викторија Боња, со 9 милиони следбеници, на англиски рече:

„Морам да кажам ако Шанел Хаус не ги почитува своите клиенти, [зошто] треба да го почитуваме Шанел? Чао чао“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by VICTORIA BONYA (@victoriabonya)

Таа „никогаш не видела некој бренд да се однесува толку без почит кон своите клиенти“.

Тие беа поддржани од руската иселеничка и блогерка за патувања со 239.999 следбеници, Шарли Прокопиф, која рече:

„Јас сум Русинка, живеам во Европа – и одбивам да носам Шанел“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sharli Prokopif (@sharliprokopif888)

Движењето #ByeByeChanel предизвика огромен револт, кој беше изразен во коментари на социјалните мрежи.

„Зошто не се грижат за украинските смртни случаи што ги предизвика Путин? А руските војници се праќаат на колење како топовско месо? Наместо тоа, тие го прават овој детски трик со ножици“, напиша еден.

Уште еден се пожали: „Зошто не започнат предизвик за продажба на нивните модни додатоци на Шанел во корист на децата и бегалците, или кој и да е најблиску до нивното срце?“

Дополнителен коментар: „Смешно. Продадете ги чантите и поделете ги парите, вредат толку многу… зошто вакво однесување“.

Видео-протестот беше инспириран откако претходно оваа недела, Русинки ја истакнаа забраната за продажба на нивните омилени брендови во Дубаи. Тие беа соочени со новата полиса на Шанел, да не продава модни додатоци што ќе бидат носени на територијата на Русија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот