ВИДЕО | „Ако ти бев мајка, ти ќе беше многу сакан“: Бизарно обраќање на актерка кон Владимир Путин

Аналин Мекорд и Владимир Путин
Аналин Мекорд и Владимир Путин / Фото: Скриншот, Твитер/ EPA-EFE/ALEKSEY NIKOLSKYI

Американската актерка Аналин Мекорд објави бизарно видео во кое му се обраќа на рускиот претседател Владимир Путин и во кое се залага за мир меѓу Русија и Украина.

„Драг претседателу, Владимир Путин. Толку ми е жал што не сум ти мајка. Ако ти бев, ќе беше многу сакан и ќе те држев во прегратка. Никогаш немаше да дојде до овие немили настани кои ни се случуваат пред очи. Ова е пропаст на една нација која мирно седи под ноќното небо. Ако ти бев мајка, светот ќе беше многу потопол“, вели таа.

Во обраќањето, Мекорд зборува за тоа дека животот на Путин ќе бил поинаков ако таа била негова мајка. Исто така, актерката навестува дека се послужила со метафора и дека со терминот „мајка“ мислела на Русија.

Сепак, нејзиното обраќање предизвика бројни исмејувачки коментари упатени до „нарцисоидната актерка“, како што ја нарекоа корисниците на социјалните мрежи.

„Дали таа му рецитира слем-поезија на диктатор?“, „Наредниот пат само испеј ја ‘Imagine’. Тоа ќе ти биде полесно од ова, што и да беше“, „Ова сигурно ќе го спречи Путин. Навистина си храбра Аналин Мекорд“, саркастично коментираат твитерџиите.

Повеќе текстови на темата:

„Љубовта може да победи сѐ“: Приказната зад фотографијата која го трогна светот

ВИДЕО | Македонка се враќа од Украина со ќеркичката: Имаме уште 10 часа пат до граница, не знаеме дали ќе успееме да поминеме

Руслана со трогателен апел: Светот ќе ни помогне и ќе ја запреме војната!

ФОТО | Хитлер го гали Путин: Украина се огласи на „Твитер“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот