ФОТО | Хитлер го гали Путин: Украина се огласи на „Твитер“

Хитлер и Путин
Хитлер и Путин / Фото: Твитер, официјален профил на Украина

Креативноста и трагедијата одат рака в рака, а низ вековите сме гледале каква уметност произведува војната…

Вчера Украина на својот официјален твитер-профил објави карикатура која го прикажува Адолф Хитлер облечен во нацистичка униформа, со препознатливата капа на главата како се смешка и го гали лицето на Владимир Путин со некоја морничава нежност. Путин на карикатурата е прикажан во улога на дете.

„Ова не е мем туку нашата и вашата реалност“

Корисниците на мрежата „Твитер“ како што прилега на интернет-јазикот ја нарекоа карикатурата мем, но набрзо стигна одговор од официјалниот профил.

„Ова не е мем, туку нашата и вашата реалност во моментов“, напишаа тие.

Освен очигледната споредба на Путин со Хитлер, карикатурата е во најмала рака иронична – сметаат твитерџиите, поради фактот што Путин постојано тврдеше дека нацистите ги има во Украина. Кремљ објави дека „воените акции не се насочени кон цивилите“ и дека целта на офанзивата е „да се исчистат нацистите од Украина“.

Како дел од Путиновото оправдување за нападот врз Украина, тој тврдеше дека нацистите извршиле геноцид врз Русите во нивните граници. Претседателот на Русија тврди дека цел на нападот била да го „денацифизира“ и „демилитаризира“ на својот сосед. Нема докази за тврдењата на Путин.

Ова не е првпат Украинскиот официјален профил да одговара на руските постапки со мем

Твитот со карикатура на Хитлер и Путин има 1,4 милиони лајкови и над 273.000 споделувања. Некои беа збунети што официјалниот твитер-профил на нападнатата нација одговори со карикатура додека се наѕира почетокот на Третата светска војна.

Сепак, ова не е првпат профилот на Украина да објавува мем како одговор на тензиите со Русија. И во декември 2021 година, тие направија сличен потег.

На истиот твитер-профил, Русите се охрабруваат да пишуваат твитови и со тоа да апелираат за прекин на агресијата врз Украина.

Руслана со трогателен апел: Светот ќе ни помогне и ќе ја запреме војната!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот