Податоците за наводната љубовница на Путин исчезнаа од сајтот на руската медиумска империја

Алина Кабаева
Алина Кабаева и Владимир Путин / Фото: Profimedia / EPA-EFE

Откако САД неодамна ги санкционираше ќерките на Путин и семејството на Сергеј Лавров, податоците на Алина Кабаева, наводната љубовница на рускиот претседател Владимир Путин, исчезнаа од веб-страницата на медиумската империја што ја контролира.

Алина Кабаева беше истакнат член на Управниот одбор на Националната медиумска групација (НМГ), но одеднаш нејзиното име и фотографија исчезнаа, веројатно поради стравот од западните санкции.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by parboaboa (@parboaboa)

Тоа доаѓа во време на очекуваните санкции против ќерките на Путин и по апелот на затворениот опозициски лидер Алексеј Навални кој бара Западот да реагира на моќните „пропагандни медиуми“ на Кремљ, особено групацијата на Кабаева, тврдејќи дека најверојатно е во сопственост на Путин. Нејзината плата се проценува на речиси 8 милиони фунти годишно.

„Сакам да ве потсетам дека Националната медиумска групација несомнено му припаѓа лично на Путин, и како таква формално ја предводи љубовницата на Путин, Алина Кабаева“, изјави Навални од затвор.

Нема објаснување од НМГ зошто е отстрането името и фотографијата на Кабаева, каде таа позираше во деловна јакна. Инаку, поранешната гимнастичарка Кабаева беше истакнат член на Управниот одбор од 2014 година, иако немала претходно работно искуство.

Потсетуваме, неодамна во јавоста се прошири информацијата дека рускиот претседател ја крие својата љубовница Алина Кабаева со која наводно има четири мали деца, во Швајцарија.

„Додека Путин ја напаѓа Украина напаѓајќи невини луѓе и предизвикувајќи бегалска криза, неговото семејство е скриено во приватна и многу безбедна колиба некаде во Швајцарија – барем засега“, изјави анонимен извор за „Пејџ Сикс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот