EPA/MARK DADSWELL

Сампрас: Не очекував дека тројца тенисери ќе го надминат мојот рекорд

Легендарниот американски тенисер, Пит Сампрас призна дека дека не очекувал оти дури тројца играчи ќе го надминат неговиот учинок од 14 освоени грен слем титули.

Новак Ѓоковиќ вчера триуфираше на Вимблдон и ја освои 20. грен слем титула со што се израмни со Рожер Федерер и Рафаел Надал по бројот на трофеи освоени на најголемите тениски турнири.
– Воодушевен сум од оваа генерација. Доколку ме прашавте кога се повлекував дали тројца момци ќе го престигнат мојот рекорд од 14 грен слем титули за 15-19 години, би ви рекол дека нема шанси – изјави Сампрас.

Пит Сампрас кариерата ја заврши во 2002 година, а притоа победи седум пати на Вимблдон, пет пати на УС Опен и два пати на Австралија Опен. Единствено нема трофеј на Ролан Гарос каде најдобар пласман му е полуфиналето 1996 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот