Само еден тенисер успеал да ги победи Новак, Рафа и Федерер на еден турнир

Доминацијата на големата тениска тројка, Рожер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ, ги натера експертите да полемизираат околу тоа кој е најдобар тенисер во историјата.

Според многумина од нив, најдобар тенисер ќе биде оној што ќе освои највеќе грен слем турнири. Моментно Ѓоковиќ е на 17 грен слем титули, Надал има 19, додека засега најдобар е Федерер со 20 титули од најголемите турнири.

За голем број од актуелните тенисери, делува невозможно да се победи некој од големата тројка, но постои еден тенисер кој успеал да ги победи и Ѓоковиќ, Надал и Федерер.

твитер

Станува збор за Аргентинецот Давид Налбандијан кој во 2007 година на Мастерсот во Мадрид ги победи сите тројца тенисери.

Прв падна Надал во четвртфиналето со 6:1,6:2, потоа во полуфиналето го совлада Ѓоковиќ со 6:4,7:6, а во финалето во три сета (1:6,6:3,6:3) го победи Федерер и за прв пат триумфира на турнир од Мастерс серијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот