Саманта се враќа: Ким Катрал ќе се појави во продолжението на „Sex And The City“

Ликот Саманта Џоунс и актерската екипа на „Sex And The City“ / Фото: Profimedia

Барем за момент, актерската екипа на култната телевизиска серија „Sex And The City“ повторно ќе биде целосна. Имено, актерката Ким Катрал ќе ја репризира улогата на Саманта Џоунс во втората сезона на серијата „And Just Like That“, која е продолжение на „Sex And The City“.

Но, таа ќе се појави само во една сцена, во последната епизода на втората сезона. Според изворите на „Варајети“, Катрал го снимила својот дијалог на 22 март годинава, во Њујорк, без да се види со останатите актерки од серијата.

Култната четворка од „Sex And The City“ / Фото: Capital Pictures / Film Stills / Profimedia

Во сцената, ликот Саманта Џоунс, која во новата серија живее во Лондон, има телефонски разговор со ликот Кери Бредшо, која ја игра актерката Сара Џесика Паркер.

Појавата на Катрал како Саманта засега нема да биде продолжение на ликот.

Постерот за новата сезона на „And Just Like That“ / Фото: Инстаграм/„And Just Like That“

Сепак, враќањето на Саманта во која било форма сигурно ќе ги воодушеви обожавателите на „Sex And The City“, која цели шест сезони се емитуваше на „Ејџ-би-о“ – од 1998 до 2004 година.

Во 2016 година, Катрал објави дека веќе нема да го глуми ликот на Саманта Џоунс, бидејќи не ѝ се допаднало сценариото за предложениот трет филм за „Sex And The City“.

ФОТО | Се враќа еден од омилените ликови од „Sex and the City“, обожавателите се пресреќни

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот