Саливен: Бајден ја зголемува квотата за прием на бегалци во САД

Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Советникот за национална безбедност во Белата куќа, Џејк Саливен, синоќа изјави дека претседателот Џо Бајден планира да потпише указ за зголемување на годишната квота за прием на бегалци од воените зони.  

Претседателот, подоцна во говор во Стејт департментот, укажа дека квотата може да достигне 125.000 бегалци и да се применува заклучно со 1 октомври 2021 година. Бројот е неколкукратно зголемен по скратениот прием до 15.000 бегалци годишно за време на мандатот на Доналд Трамп.  

Суливан истакна дека Бајден планира да потпише и меморандум за промоција на правата на ЛГБТКИА низ целиот свет, како и за заштита на правата на ЛГБТКИА бегалците и азилантите.  

Советникот укажа дека САД ќе ја повикат Русија на одговорност поради низа злонамерни дејствија. Според Саливен, карактерот, мерките и времето на нивното преземање ќе бидат одредени по увид на САД. 

Администрацијата, исто така, разгледува и мерки за воениот удар во Мјанмар. Една од нив би била селективни санкции за низа физички и правни лица кои се под контрола на армијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот