Салата богата со омега 3-масни киселини, добредојдена за ладни денови

салата
EPA-EFE/JUSTIN LANE ATTENTION: This Image is part of a PHOTO SET

Свежите салати полека ќе се „повлечат“ од сцената, а на нивно место ќе дојдат туршиите, киселите зелки, коренастите салати…

За викенд расположение, ви препорачуваме салата за преодниов период – со свеж зеленчук, но и со потребните хранливи состојки за да бидете сити и здрави.

Потребни состојки:

Пакување микс за салата (рукола, марула)
1 големо цвекло сечено на тенки ливчиња (свежо)
Неколку суви домати во маслиново масло
1 конзерва сардини
Маслиново масло
Балсамико

Подготовка:

Миксот зелени салати добро измијте го и ставете го во длабок сад. Додадете ги ливчињата цвекло, маслиново масло и балсамико. Добро промешајте. Сервирајте ја салатата со одозгора цели парчиња сардина и неколку домати од маслиново масло. Нема потреба да ја посолувате салатата, сардината ќе биде вашиот зачин.
Уживајте!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот