Ружица од „Ареа“ се огласи лута по навредите кон Каролина: Психолозите да се позанимаваат со младиве мажиња

По скандалозното славење на шампионската титула од страна на фудбалерите на ФК Вардар, кое предизвика бурни реакции во јавноста поради вулгарна и навредлива песна во која беше спомената и Каролина Гочева, се огласи и рок-пејачката Ружица Милошеска-Брчиоска од групата „Ареа“.

Прославата на „црвено-црните“, по освојувањето на титулата, се најде во центарот на вниманието откако на социјалните мрежи се прошири видео во кое дел од играчите пеат песна со навредлива и мизогина содржина насочена кон Каролина Гочева, што предизвика осуди од јавноста.

На случувањата реагираше и Ружица, која преку статус на социјалните мрежи испрати порака за односот кон жените и моделите на однесување што, според неа, стануваат сè поприсутни кај младите генерации.

„Психолозите треба сериозно да се позанимаваат со младиве генерации на мажиња, зошто очигледно си имаат проблем во односот кон жените. Ова со славењето на вардарците е само случај за посматрање. И не е само до вулгарноста и простаклукот што го видовме во видеото, туку тоа што за нив такво славење станало сосема ‘нормално’. Уште полошо е што ваквите звезди, исто како и музичките трап-ѕвезди од соседството со текстови потценувачки кон женскиот род, стануваат пример за младите кои во нив гледаат идоли. И сè тоа си поминува како нормално, а ич не е нормално…“, напиша Ружица.


Нејзината објава за кратко време предизвика бројни реакции и коментари на социјалните мрежи, отворајќи поширока дебата за границите на „навивачката еуфорија“, јавниот говор, но и за односот кон жените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот