Рубио: Безбедносните сили во Газа ќе бидат од земји прифатливи за Израел
Меѓународните безбедносни сили што ќе бидат воспоставени во Појасот Газа како дел од договорот за примирје ќе мора да бидат составени од земји со кои Израел се чувствува комфорен, изјави во петокот американскиот државен секретар Марко Рубио за време на посетата на Израел, објави „Ројтерс“.
Препорачано
Рубио додаде дека иднината на управувањето со Газа сè уште треба да се договори меѓу Израел и партнерските земји, но дека во тоа не може да биде вклучен Хамас.
Тој истакна дека евентуалната улога на Палестинската управа сè уште не е определена.
Американскиот државен секретар Марко Рубио одби да каже дека на Израел ќе му треба „дозвола“ од САД за да ги обнови борбите против Хамас во Газа ако групата продолжи да претставува закана, нагласувајќи дека американскиот план за прекин на огнот има широка регионална поддршка и е „најдобриот“ и „единствениот план“.
Рубио : Нема план Б, Хамас мора да се разоружа бидејќи Израел ги исполни своите обврски
Рубио нагласи о дека „доколку Хамас одбие да се демилитаризира, тоа ќе биде прекршување на договорот и тоа ќе мора да се спроведе без оглед на се.
– Ова е договор, а договорот бара исполнување услови. Израел ги исполни своите обврски. Тие стојат на жолтата линија, а тоа зависи од демилитаризацијата. Сакаме да помогнеме во создавањето услови тука за да не мора да бидат тероризирани луѓето во Газа од Хамас и всушност, да имаат животи, работни места, бизниси и подобра иднина – изјави Рубио.
За потсетување, изјавите на американскиот државен секретар доаѓаат во период кога постои кревко примирје помеѓу Хамас и Израел, а во тек е и предавање на израелските заложници.
Израелски функционер изјави дека Хамас не ги знае локациите на пет од 13-те мртви заложници кои сè уште се држат во Појасот Газа, факт што, според израелската страна, покажува дека организацијата се обидува да купи време.
Израел: Хамас може да ги врати останките само на осум од тринаесетте заложници


