Предавање на тела на загинати израелски заложници/Фото: EPA/ABIR SULTAN

Израел: Хамас може да ги врати останките само на осум од тринаесетте заложници

Израелски функционер изјави дека Хамас не ги знае локациите на пет од 13-те мртви заложници кои сè уште се држат во Појасот Газа, факт што, според израелската страна, покажува дека организацијата се обидува да купи време.

Како што објави израелскиот Ynet, функционерот, кој не беше именуван, рече дека Хамас „игра игри и се обидува да го одложи процесот со цел да го продолжи прекинот на огнот без да премине на втората фаза од договорот, што бара негово разоружување“.

Договорот за прекин на огнот, кој стапи на сила на почетокот на месецот, предвидува враќање на сите заложници од Хамас.

Сепак, од самиот почеток имаше проценка дека некои од телата на тогашните 28 мртви заложници ќе биде тешко да се лоцираат во урнатините на Газа. Оттогаш, под притисок од Израел, Хамас врати 15 тела.

Проценките за бројот на тела што групата може да ги пронајде варираат.

Според израелските одбранбени претставници кои го информирале потпретседателот на САД, Џej Ди Венс, Хамас може да предаде најмалку 10 од 13-те преостанати мртви заложници. Други извори, сепак, проценуваат дека тој број може да биде помал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот