Романот е објавен во издание на „Или-Или“

Романот за деца и млади „Илина и тајните на Бабин Заб“ од Хана Корнети ќе има промоција во „Вудсток“

Предновогодишно, на 20 декември, во 17 часот, во кафе барот „Вудсток“ ќе се промовира романот за деца и млади „Илина и тајните на Бабин Заб“ од Хана Корнети. Романот е објавен во издание на „Или-Или“, во едицијата „И ете приказна“.

По „Илина и шумските тролови“ авторката, на радост на верните читатели, во втората книга од најавената трилогија нѐ запознава со новите авантури на паметната, хумористична и шармантна Илина и нејзините пријатели. За книгата на промоцијата ќе зборуваат нејзините први и верни читатели: Ивана Марковска Доковска, Каја Атанасова Ѓорѓиева и Јован Стаменов.

„Во книгата повторно навлегуваме во двојниот живот на Илина: оној обичниот, дома и на училиште, и оној волшебниот, каде полека ја сфаќа комплексноста на што е тоа да се биде вештерка.

Во двата света, авторката внесува нови комплексни слоеви, приказни и ликови кои ќе ги инспирираат читателите да размислуваат и, особено за децата, да се чувствуваат помалку осамени во предизвиците на растењето, семејниот живот и самоспознавањето.

Илина е истото умно и пресамоуверено девојче во кое се заљуби читателската публика. Тука е можеби малку позрела, зацврстувајќи го местото на овој серијал во традицијата на ‘Bildungsroman’ или на ‘Coming of age’ приказна“, вели уредникот на изданието Ведран Диздаревиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот