„Ролан Гарос“: Алкараз му дозволи само седум гема на Шаповалов

Карлос Алкараз многу лесно успеа да помине уште една пречка на „Ролан Гарос“, откако во мечот од третото коло победи со убедливи 3:0 против Денис Шаповалов од Канада со 6:1, 6:4, 6:2. За овој триумф на Шпанецот му беа потребни „само“ два часа и 12 минути.
Следен ривал на шпанскиот тенисер ќе биде Лоренцо Мусети, кој со убедливи 3:0 беше подобар од Камерон Нори.
Што се однесува до триумфот на Алкараз, тој е веќе во првиот сет, кога на Канаѓанецот му дозволи само еден гем за 36 минути игра.
Шаповалов одигра нешто подобро во вториот сет, успеа да направи „брејк“, веднаш испушти еден, но и врати и поведе со 4:1. Но, тука како да застана Канаѓанецот. Алкараз ги освои следните пет гема за зголемување на 2:0 во сетови.
Во третиот сет Алкараз направи два „брејка“ и тоа беше доволно за победа од 6:2.
Сензација во Париз, испадна уште еден фаворит на „Ролан Гарос“