Родик: Алкараз заслужено на врвот, но Ѓоковиќ и натаму е најдобриот тенисер на светот

Новак Ѓоковиќ со трофејот на турнирот во Торино, Италија /Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Поранешниот американски тенисер Енди Родик изјави дека Новак Ѓоковиќ е „навистина“ најдобриот играч на светот, иако првото место на АТП листата го зазема Шпанецот Карлос Алкараз.

– Подемот н Алкараз беше „метеорски“. Тој е некој за кој се зборуваше дека може да освои големи титули, но сега кога толку брзо стигна до првото место, тоа е друга приказна – вели Родик.

Според Американецот, како што се гледа кон следната сезона, мисло дека би било навистина тешко да се најде некој кој не мисли дека српскиот ас и натаму најдобриот играч на светот.

– Позицијата број еден за Алкараз е сосема заслужена, тој беше неверојатен за гледање оваа година. Очајно сакав да игра во Торино со оваа група феноменални играчи, но сакаме да биде здрав и да има долга кариера пред него – се зборовите на Родик.

Да потсетиме, Ѓоковиќ по петти пат славеше на Завршните турнири, во финалето во Торино беше подобар од Каспер Руд, а следниот голем предизвик го чека во јануари на грен слем турнирот во Мелбурн, „Австралија опен 2023“.

Новак Ѓоковиќ ги поместува границите: Светот на тенисот не го видел ова 17 години!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот