Новак Ѓоковиќ ги поместува границите: Светот на тенисот не го видел ова 17 години!

Новак Ѓоковиќ со трофејот на турнирот во Торино, Италија /Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Новак Ѓоковиќ го освои завршниот Мастерс во Торино. Најдобриот српски тенисер го совлада Норвежанецот Каспер Руд и така стигна до шестиот трофеј на овој турнир. Ноле од 2015 година чекаше да го освои овој пехар, а тенискиот свет на подвигот што го постигна Србинот чекаше цели 17 години.

Ѓоковиќ во Торино пристигна како осми играч на планетата, а со отсуството на Карлос Алкараз (Шпанија) стигна до местото седми носител на овој турнир. Затоа, српскиот ас се најде во последниот шешир при жрепката за групната фаза на турнирот и успеа да стигне до титулата. Пред тоа, Аргентинецот Давид Налбандијан успеа да го освои завршниот турнир во 2005 година, а во жрепката беше во последниот шешир (осми носител).

Потоа, по пет сета и голем пресврт, Налбандијан го совлада првиот носител, Швајцарецот Рожер Федерер (6:7, 6:7, 6:2, 6:1, 7:6).

Оттогаш па сè до синоќа на Завршниот турнир победуваа играчи кои беа извлечени од еден од првите три шешири за групната фаза. Дополнително на ова, Ѓоковиќ постигна уште шест големи достигнувања во сезона во која беше ограничен со забрана за настап на неколку турнири.

– Со 35 години и пет месеци е најстариот победник на завршниот мастерс

– Освои 65 титули од најголемите турнири поради што е прв во историјата

– Само оваа сезона освои пет пехари, по што е изедначен со Алкараз, кој играше цела година и немаше забрана за учество на турнири

– Од тие подигнати трофеи дури три се од најголемите турнири, во тој поглед е изедначен исто така со Алкараз

– Во Торино ја освои дури шестата титула од последниот турнир во сезоната, толку има и Федерер

Сезонава оствари 11 победи против тенисери од Топ 10 и во овој сегмент е најдобар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот