РК Еурофарм Пелистер 2 е побогат за уште еден голем балкански талент

фото: instagram.com/rkeurofarmpelister/

Како што и се најавуваше, тоа сега доби и потврда, босанскиот ракометен талент Алем Хаџиќ е нов играч на Еурофарм Пелистер 2. Овој ракометар има само 16 години и може да игра на позиициите лев и среден бек.

Доаѓа од клубот Коњух каде веќе се наметна и играше важна улога и во сениорскиот тим. Хаџиќ потпиша четиригодишен договор со екипата од Битола.

Со Коњух, Хаџиќ беше трикратен шампион во првенството за кадетите, а двапати беше МВП на завршните турнири и најдобар стрелец.

Ова младо момче веќе пристигна во Битола и по потписот на договорот ќе му се приклучи на новите соиграчи и стручниот штаб, на чело со тренерот Михаил Петровски.

Алем по многу параметри е рекордер во босанскиот ракомет, а во Суперлигата на Босна и Херцеговина дебитираше на само 14 години. Официјалното претставување на Хаџиќ е предвидено на крајот од месец август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот