Рита Ора купила „проколната“ вила во Лондон за 8 милиони фунти

Фото: Профимедиа/Инстаграм

Британската поп ѕвезда со албанско потекло, Рита Ора, купи вила во викторијански стил во западниот дел на Лондон, за која плати осум милиони фунти.

Инаку, продавачот на вилата која Рита Ора неодамна за купи, за медиумите изјави дека вилата која ја купила популарната албанка е проколната.

„Луѓето дефинитивно веруваат дека тука навечер се слушаат необични работи“, изјави тој.

Вилата долго време не можела да го „пронајде“ својот сопственик, но симпатичната Албанка не се двоумела воопшто.

Фото: Профимедиа

Куќата е пространа и поседува огромна дневна соба, шест спални соби и неколку бањи, но и голем простран двор.

Фото: Профимедиа

Инаку, актерката во последните неколку месеци дури два пати се најде на удар на јавноста поради кршењето на мерките кои важат поради пандемијата на коронавирусот. Најпрвин во ноември минатата година таа организираше роденденска прослава во еден ресторан, и покрај острите мерки кои тогаш владееа во британија. Вторпат се најде на мета на јавноста кога пред неколку дена, таа отпатува за Австралија.

Фото: Инстаграм

Да се потсетиме, и австралиската влада се најде на удар на критики од јавноста и опозицијата поради пуштањето на пејачката Рита Ора во земјата и покрај затварањето на државните граници.

Фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот