Ридли Скот одговори на критиките од семејството Гучи за актерите во филмот: Треба да сте среќни што ги имате најдобрите актери на светот

house of gucci
Фото: Принтскрин / Instagram

Филмот „House of Gucci“ од самото свое најавување наиде да критики и неприфаќање од страна на семејството за чие име и семејна приказна се раскажува во самиот филм – па режисерот Ридли Скот се реши да одговори на критиките со кои се соочи неговиот филм од членовите на семејството Гучи.

Поточно, Патриција Гучи го повика кастингот на Ал Пачино како Алдо Гучи и Џаред Лето како Паоло Гучи.

„Луѓето кои ни пишуваа од семејството на почетокот беа алармантно навредливи, велејќи дека Ал Пачино физички не го претставувал Алдо Гучи во каква било форма. И сепак, искрено, како би можеле да бидат подобро претставени од Ал Пачино? Извинете мои! Веројатно ги имате најдобрите актери на светот, треба да сте многу среќни!“, искоментира Ридли.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by House of Gucci (@houseofguccimovie)

Ридли Скот возврати на коментарите кои се однесуваа на улогата на Џаред Лето во филмот, објаснувајќи дека смета дека тоа е многу комично.

„Нема многу информации за Паоло, но има слики од Паоло и токму така изгледа Паоло. Ги најдовме сликите и Џаред го направи тоа што го направи и се облече како што се облекуваше Паоло. Нема многу Паоло што зборува пред камера. И така требаше, до одреден степен, да се замисли, но очигледно Паоло беше многу шарен и раскошен човек“, објасни Скот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by House of Gucci (@houseofguccimovie)

Иако коментарите овој пат беа фокусирани на конкретните улоги, семејството Гучи отворено коментираше за фактот дека сметаат дека филмот ги презентира членовите на фамилијата како игнорантни и бесчувствителни за светот околу нив, и за некоректноста во тој пристап.

„Наликувањето на Паоло беше доста убаво доловено. И како тоа може да биде навредливо? Обрнавме внимание да не бидеме премногу отворени и ако можеме да го избегнеме тоа“, додаде Скот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by House of Gucci (@houseofguccimovie)

Видео на денот