РФМ во проблеми: 16 позитивни случаи на коронавирус во РК Работнички!

фото: indiamart.com

Веќе е објавено дека позитивни на Ковид-19 има во ракометните клубови Голден Арт КЛ7, Радовиш, Струга и Охрид.

Поради тоа суперлигашката група „А“ е во мирување од 15 дена по одлуката на Ракометната федерација на Македонија.

А денеска позитивни случаи има и во екипите кои настапуваат во групата „Б“ што значи дополнителни проблеми за РФМ.

Вкупно 16 заразени членови на ковид-19 има во редовите на ракометниот клуб Работнички.

Сите веќе се наоѓаат во изолација и без посериозни симптоми. Сега останува да се види дали ќе реагираат и другите клубови за евентуално ново тестирање после контакт со играчите на РК Работнички во текот на досегашните натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот