РК Охрид: Еден ракометар и член на клубот позитивни на Ковид-19

фото: фејсбук/рк охрид

Нови позитивни случаи на коронавирус во македонскиот ракомет, поради што изминатиот период веднаш беше донесена одлука од РФМ да биде суспендирана суперлигашката група „А“.

Во текот на вчерашниот ден беше објавено дека седум ракометари на Струга се заразени од Ковид-19, а денеска има нови позитивни во редовите на ракометниот клуб Охрид.

Како што информираат од РК Охрид, еден ракометар и еден член на екипата се позитивни на вирусот.

– Сакаме да информираме дека еден ракометар и еден член на екипата се позитивни на вирусот ковид -19. Ковид позитивните се изолирани и се во добра здравствена состојба.

Следниве денови тестирани ќе бидат преостанатите ракометари, стручниот штаб и останатите членови на екипата.

До сите клубови апелираме да ги почитуваат мерките и протоколите подготвени од Ракометната федерација на Македонија и надлежните институции – стои во соопштението на ГРК Охрид до јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот